(ВИДЕО) Јовановски: Заев и неговите слуги не дозволуваат Темелко да добие соодветна медицинска нега

Од:

„Зоран Заев и неговите слуги во судската власт уште од крајот на септември знаат дека Едмонд Темелко боледува од автоимуна, дегенеративна болест која постојано прогресира.

Зоран Заев и неговите слуги во судската власт знаат дека здравствената состојба на Едмонд Темелко е сериозно загрозена и уште кон крајот на септември ја имаат добиено медицинската дијагноза за здравствената состојба на Едмонд Темелко.

Зоран Заев и неговите слуги во судската власт знаат дека секој ден, животот на Едмонд Темелко е доведен во прашање. Знаат, но не дозволуваат Едмонд Темелко да добие соодветен третман и соодветна медицинска нега.

Притворот на Едмонд Темелко е злосторство со умисла. Притворот на Темелко е политичка тортура и газење на човековите права.

Борецот за човекови права на Македонците во Албанија и градоначалник на Пустец, сам не може да стане од кревет. Заради болеста, Темелко не може сам да се пресоблекува, ниту пак да извршува физиолошки потреби. Тој има проблем со дишењето, со хранењето, и со движењето. Едмонд Темелко има проблеми со вртоглавици, со внатрешните органи и секојдневно се бори со неподносливи болки во мускулите и во зглобовите. Темелко, секој ден успева да го преживее благодарение на помошта што ја добива од друго притворено лице.

Ова се условите во кој Заев ги држи оние кои ги смета за политички противници.

Ова е третманот што го добиваат оние кои не се согласуваат со политиките на режимот на Зоран Заев. Тоа е неговиот единствен грев.

Едмонд Темелко веќе два месеци, секојдневно се бори за сопствениот живот во нехумани услови затоа што Заев, СЈО и судовите под нивна контрола решиле да му се одмаздуваат.

За овие два месеци, Зоран Заев и криминогената власт, ослободуваа криминалци кои пукаа по улици, а Темелко го малтретираат.

Тоа се двојните стандарди на криминогениот режим.

Едмонд Темелко мора да биде ослободен.

Еден ден Зоран Заев ќе замине од власт, а сите оние кои од разни побуди му помагале во бруталното изживување ќе сносат одговорност“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот