Делови од Карпош, Бутел, Шуто Оризари и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во село Батинци и дел од корисниците од улиците „Јуриј Розентал“, „Гвадалахара“, „Гарибалди“ и „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Козле“ – подулица „2“ и „Јуриј Гагарин“ – подулица „6“, од 8:30 до 12:30 часот корисниците од објектите околу ТЦ Алуминка на улицата „Никола Русински“ како и делот од булеварот „Партизански Одреди“ во близина, во општина Карпош.

Во периодот од 8:45 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од село Стајковци, од 8:25 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Призренска“ на потегот од црквата кон каналот, „Зуфер Мусиќ“ и „Љубо Петковиќ“ и ОУ „Живко Брајковски“ во општина Бутел, а од 11 до 15 часот дел од корисниците од село Мирковци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување на закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз