Сообраќајот се одвива во зимски услови, на места по влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови на места по влажни коловози.

Во северните и северо-источните делови од државата, забележани се снежни врнежи со послаб интензите кои засега не претставуваат препрека за тековно одвивање на сообраќајот.

По клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Д.Капија и Катланово-Велес. Дежурните екипи на Ј.П.„Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози