Спасовски: Внимателно ќе бидат разгледани проблемите изнесени од гранскиот независен синдикат на полицијата

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со претставниците на гранскиот независен синдикат на полицијата, како и со претставници на полицајците приправници од генерацијата 2015/16 година.

На средбата, меѓу другото, се разговараше околу најгорливите теми што ги тангираат претставниците на гранскиот синдикат и на полицајците приправници, почнувајќи од проблемот со квалитетот и снабденоста со униформи, потоа распоредувањето на приправниците подалеку од местата на живеење, прашања од областа на организационото распоредување и интерно конкурирање, приправничкиот стаж и друго.

Министерот Спасовски во оваа прилика, истакнувајќи ја својата и отвореноста на неговиот кабинет за разговори со претставниците на синдикатот, како и генерално со вработените околу сите отворени прашања, нагласи дека внимателно ќе бидат разгледани изнесените проблеми и согласно важечките законски прописи, потреби и планови на Министерството ќе се бараат најоптималните решенија во заеднички интерес и на вработените и на институцијата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он