(ВИДЕО) Коневски: Притворот на Едмонд Темелко е политичка тортура и газење на човековите права

Од:

„Притворот на Едмонд Темелко е политичка тортура и газење на човековите права.

Единствениот Македонец кој е градоначалник надвор од границите на државава, веќе два месеци се наоѓа во притвор.

Против него беше покренат конструиран случај, а подоцна и беше приведуван незаконски, насилно со брутално кршење на законите пред очите на неговото семејство.

Едмонд Темелко, кој важи за најголем борец за човековите права на Македонците во Албанија, остана трн во око на Зоран Заев и криминалната банда околу него, кои не можеа да се помират со фактот дека Темелко не е притворен.

Затоа судот, подлегна на политичките притисоци на Зоран Заев и СЈО и му изрече мерка притвор на Едмонд Темелко по што потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски ја пушти партиската полиција да го апси и ги повика медиумите пред полициска станица за да снимат како тој се одмаздува на Темелко.

Од тогаш, од 26-ти септември до сега, Едмонд Темелко е во притвор и криминалната власт го држи во нечовечки услови.

Едмонд Темелко, освен што е градоначалник на Општина Пустец и борец за правата на Македонците во Албанија, е семеен човек и татко на две деца.

Едмонд Темелко има сериозна болест од која што секој ден му е загрозен животот.

Едмонд Темелко сам не може ниту да стане од кревет. Заради болеста, Едмонд Темелко не може сам да се пресоблекува, ниту да ги извршува физиолошките потреби. Едмонд Темелко има проблеми со дишењето, со хранењето, и со движењето. Едмонд Темелко има проблеми со вртоглавици, со внатрешните органи и секојдневно се бори со неподносливи болки во мускулите и зглобовите. Едмонд Темелко нема соодветна здравствена нега бидејќи таа не може да му биде пружена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Едмонд Темелко, секој ден успева да го преживее благодарение на помошта што ја добива од друго притворено лице.

Ова се условите во кои Заев ги држи оние кои ги смета за политички неистомисленици, политички противници.

Ова е третманот што го добиваат оние кои не се согласуваат со политиките на режимот на Зоран Заев.

Едмонд Темелко веќе два месеци, секојдневно се бори за сопствениот живот во нехумани услови затоа што Заев, СЈО и судовите под нивна контрола решиле да му се одмаздуваат.

За овие два месеци, Зоран Заев и криминогената власт, ослободија десетици криминалци од затвор, додека единствениот градоначалник Македонец во Албанија се држи во притвор и се нарушува неговата здравствена состојба.

Тоа се двојните стандарди на криминогениот режим.

Едмонд Темелко мора да биде ослободен.

Еден ден оваа власт ќе си замине, а сите оние кои од разни побуди му помагале во бруталното изживување ќе сносат одговорност“, изјави Ивица Коневски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски