(ВИДЕО) Костовски: СДС го злоупотреби европското знаменце за наметнување и гласање на закон за двојазичност

Од:

„СДС го злоупотреби европското знаменце за наметнување и гласање на закон за двојазичност. СДС ги излажа македонските граѓани и ги злоупотреби евроинтегративните процеси за реализирање на обврските превземени од Тиранската платформа.

Владата покажа дека за неа законите не значат ништо, затоа се обиде да ја заобиколи редовната процедура во Собранието, која овозможува реална дискусија и можност за амандманска расправа и ја злоупотреби постапката за донесување на закони од важност за европски интеграции на државата.

Законот за двојазичност не е дел од процесот на интеграција на државата и е целосно неуставен. Владата треба да сноси одговорност за ова манипулација со граѓаните.

Еврокомесарот Јоханес Хан, при неговата посета на државата јасно и децидно кажа дека законот за двојазичност не е еден од приоритети потребни за интеграцијата во ЕУ. СДС се обидуваа крајно манипулативно да ги излажат граѓаните под превезот на закон потребен за европската интеграција на државата да донесат неуставен закон.

Ова неодговорно однесување на владата и поигрување со нашата европска интеграција и иднината на државата воопшто и истото не смее да остане без одговорност. СДС си поигра со евроинтегративните процеси на нашата држава, за реализирање на обврските превземени од Тиранската платформа. Ова само покажува дека приоритет на оваа влада не се граѓаните и нивните интереси, туку спроведување на Тиранската платформа.

Граѓаните и државата се жртва на обврските на СДС кон оние кои спротивно на волјата на народот ги донесоа на власт. СДС не работи за доброто на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овој закон не носи реален бенефит за граѓаните. Овој закон нема да ги доближи Македонците и Албанците, туку напротив уште повеќе ќе го зголемат јазот.

Двојазичноста која СДС упорно сака да ја спроведе креира две паралелни општества во Република Македонија и на долг рок сериозно го загрозува нејзиниот сегашен карактер“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО