Ограбена бензиска пумпа во Скопје

Од:

Бензинска пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на ул.„Козле“ синоќа е ограбена од страна на непознато лице со закана со пиштол.

Како што соопшти МВР, грабежот синоќа 40 минути по полноќ во СВР-Скопје, го пријавил С.К вработен на бензинската пумпа кој изјавил дека непознато лице со качулка на главата и со закана со пиштол извршил разбојништво при што биле одземени парите од дневниот промет.

По разбојништвото сторителот го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка