А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Виктор Јованов
Видео Македонија

(ВИДЕО) Селмани: Власта преку казнување на медиумите сака да биде контролор на уредувачката политика

by Виктор Јованов22/11/2017 - 13:3322/11/2017 - 15:56194
Share0

Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани, на денешната заедничка прес-конференција со Институтот за социјални и хуманистички науки упати порака до Владата да го избрише спорниот член 61 од законот за медиуми, со кој се предивидуваат казни за медиумот и за одговорното лице. Селмани додаде дека на овој начин, власта само декларативно се залага за слобода на медиумите, а всушност преку казнувањето сака да биде контролор на уредувачката политика.

Добивај вести на вибер

-За седум години колку што сум претседател на новинарското здружение, научив дека власта генерално се залагаше за слобода на медиумите, а не беше .Не би сакал оваа да власт да го има истиот однос како како претходната, барем така се претставува.Ние ќе извршиме притисок, да се тргне спорниот член од законот, затоа што нашиот став за казни на новинари е решен преку саморегулацијата.Доколку одредени новинари и уредници биле неодговорни и несовесни и нанеле штета на некој со одреден текст, има закони по кои може да се поднесе тужба против нив, рече Селмани.

Селмани додаде дека на јавната дебата владата се обврзала дека ќе исправи грешката.Здружението ќе чека го објави законот па соодветно ќе реагира. Воедно најави дека новинарското здружение има и други забелешки кои очекува да бидат разгледани и прифатени. Една од нив е финасирањето на јавниот сервис.

-Македонската радио-телевизија треба да биде политички и финансиски независен медиум и ние тука нема да правиме компромиси со власта. Во моментот МРТ, добива најмалку пари од буџетот во споредба со јавните сервиси во регионот. Ние бараме да се додели 1% од буџетот за да може да функионира како што треба. Воедно очекуваме во скоро време, да започнат реформите за дигиртализација и подобррување на програмските содржини, рече Селмани.

selmaniznm

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

Катерина Ѓуровски09/07/2025 - 14:45

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Катерина Ѓуровски06/07/2025 - 20:58

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Горан Наумовски26/06/2025 - 18:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен