Џафери: Негувањето на јазичните и културните богатства се влог во подобра иднина

Од:

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

– Азбуката, јазикот и писменоста се многу повеќе од само средство за комуникација, тоа е вредност сама по себе, заштитник на традицијата и националниот идентитет. Во ноември 1908 година, на Битолскиот конгрес, се кодифицираше албанската азбука и тоа имаше значајно влијание врз издигнувањето на националната свест и единство помеѓу албанците, вели Џафери во честитката.

Република Македонија, додава Џафери, е земја во која се негуваат и почитуваат различностите и со негување на јазичните и културните богатства на сите граѓани, ние придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и тоа е влог за подобра иднина на нашите млади поколенија.

Би можело да ве интересира

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Немаме пари за истраги и вештачења, состојбата е алармантна, вели државниот обвинител Коцевски

Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички