Либанскиот претседател Мишел Аун побара од арапските земји да постапуваат мудро во однос на Либан, бидејќи во спротивно ќе ја турнат земјата во „оган“.
Аун тоа предупредување го даде по средба на Арапската лига, во чие завршно соопштение е наведено дека поддршката на Иран за либанската шиитска група Хезбулах го „потпомага тероризмот“.