Премиерот на Либан, Саад Харири вечерва се врати во Либан, откако пред повеќе од две недели преку телевизиско обраќање од Саудиска Арабија објави дека поднесува оставка.
Неочекуваната оставка поттикна шпекулации дека Саудиска Арабија го принудила Харири да поднесе оставка и оти тој е заложник на властите во Ријад.
Харири во саботата го посети Париз на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, а пред да се врати во Либан ги посети Египет и Кипар. Тој со приватен авион слета во Бејрут.