ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за добрососедство со Бугарија е етапа до крајната цел на Заев – редефинирање на Македонија

Од:

„Последиците од договорот за добрососедство со Бугарија, јавноста веќе може да ги види. Во низа се редат антимакедонските ставови кои доаѓаат од високи општествени и политички дејци од Бугарија со кои се погазува и негира македонскиот идентитет.

Последната доаѓа од Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик од Софија која ја оспорува засебноста на македонскиот литературен јазик и која вели дека македонски јазик не постои, јазикот е измислен и дека е Западно бугарски дијалект.

Сето ова е резултат на штетниот договор кој што Зоран Заев го потпиша во кој Македонија и Бугарија немаат рамноправна положба и со кој македонскиот јазик наместо реалност се сведе на уставна категорија. Да биде уште посериозно изјавите на Кочева речиси во целост се поклопуваат со изјавите на Мирослав Грчев, висок партиски функционер на СДС, кој тврди дека македонската држава, македонската нација и македонскиот јазик се измислени од страна на Југославија.

Негаторските изјави на функционери на СДС и антимакедонисти во Бугарија се на иста линија и се само потврда дека договорот за наводно добрососедство со Бугарија е само етапа до крајната цел на Заев за редефинирање на Македонија, менување на името и нејзино претворање на држава без историја, и создавање на јазик и народ без корен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет