Премиерот на Либан, Саад Харири, пристигна во Каиро каде што ќе има преговори со претседателот Абдел Фатах ал Сиси.
Харири претходно беше во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и од каде што најави дека во Либан ќе се врати утре, кога земјата го одбележува Денот на независноста.
Тој на 4 ноември си поднесе оставка во видео порака за време на неговиот престој во Саудиска Арабија, по што започна политичка криза во Либан.