Повикувајќи се на високи функционери од владејачката Народна партија во Шпанија, британскиот весник „Гардијан“ објавува дека се разгледува можноста да се даде поголема моќ на Каталонија за да ги собира и управува со своите даночни приходи.
По кризата која што настана по одржувањето на референдумот за независност и силниот отпор на Мадрид сега повторно се дава можност за почеток на преговорите за „нов фискален пакт“.
Токму фискалната неправда беше една од причините за референдумот.
– Ако Каталонците сакаат фискален пакт, ние сме подготвени да разговараме. Баскија и Навара сами ги собираат своите даноци, имаат свој систем, се среќаваат со централната власт и одлучуваат колку да придонесат за надворешната политика и одбраната. Со преговори на секои пет години, вели висок функционер за „Гардијан“.