Театарот за деца и младинци ќе донира влезници за децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје за претставите на 24 ноември, како и влезници за децата од установата ПОУ „Д-р Златан Сремец“ за претставата на 6 декември.
– Со ова се надеваме дека ќе ја подигнеме социјалната свест и грижата за нашите најмлади, информираат од Театарот за деца и младинци.