„Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово“, со оваа порака до високиот преставник за надворешна и безбедноса политика на Европската Унија, Кетрин Ештон и новиот претседател на Србија, Томислав Николиќ ја започна посетата на Брисел.
Во изјавата за новинарите, Никочиќ рече, дека смета дека успеал да ја убеди Кетрин Ештон, дека за Србија нема подобра иднина од Европската Унија, но дека тоа членство не може да биде условувано, како што рекол, со признавање на нова европска држава.
Според српскиот претседател, Ештон му потврдила дека посакува членство на Србија и на сите земји од Балканот во ЕУ, на што тој побарал и конкретна помош од Брисел во врска со невработеноста и економската криза во регионот.
„За жал, тука беше потврдено она што долго време го говорам дека одложувањето на составувањето на Влада на Србија ги кочи сите интегративни процеси на нашата земја. А, во врска со Косово и Метохија, ја побарав преговорите Белград-Приштина отсега да се одвиваат на ниво на премиери, како и да престанат едностраните интервенции, посебно на северот на Косово“, изјави Николиќ.