Новото седиште на Европската банкарска агенција (ЕБА) ќе се сели во Париз, одлучи Советот на ЕУ на денешното гласање.
Седиштето на ЕБА претходно се наоѓаше во Лондон, па поради излезот на Велика Британија од Европската Унија, се бараше нов град.
По трите круга гласање на Советот на ЕУ, Париз и Даблин добија ист број на гласови, а победникот беше определен по случаен избор, со извлекување.
Претходно денеска, Советот на ЕУ го назначи Амстердам за следно седиште на Европската агенција за лекови, откако по три круга гласање, холандската престолнина беше избрана со жрепка.