Англиските медиуми денеска објавија дека Манчестер Сити испратил официјална понуда на адреса на Наполи за нивниот напаѓач Единсон Кавани и тоа уште пред Манчини и Балотели да влезат во конфликт.
Таквата информација ја потврди и претседателот на италијанскиот тим Аурелио Де Лаурентис кој пред неколку дена изјави дека одбил понуда од 55 милиони евра.
Англиските медиуми шпекулираат дека понудата на „Граѓаните“ за уругвајскиот напаѓач е тешка 61 милион евра. Пред извесно време самиот Кавани изјави дека би сакал да се испроба во Премиер лигата.