Неколку фабрики за производство на дрога беа бомбардирани во Авганистан во напади насочени кон изворите на финансирање на талибанците.
Акцијата била спроведена од страна на американските сили заедно со авганистанските, во јужната провинција Хелманд, која што претставува најголемо упориште на талибанците и центар за производство на дрога.
Според авганистанските власти биле уништени осум фабрики за преработка на дрога, а портпаролот на талибанците, Кари Јусуф Ахмади ги отфрли таквите тврдења изјавувајќи дека не постојат никакви фабрики за дрога.