Вчера во Скопје се одржа државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21).
На првенството имаше пријавено 212 каратисти од цела Македонија. Тие се натпреваруваа во дисциплините кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција.
Младите каратисти на Макпетрол и на ова првенство освоија голем број на медали вкупно 11 од кои 4 златни 1 сребрени и 6 бронзени медали.
Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изјави:
„Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство, кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р. Македонија. За нас како клуб беше најважно докажаните репрезентативци во највозрасната категорија (У21): Петар Заборски -75 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Анѓела Мојсовска -68 кг, да го потврдат својот квалитет и да станат државни шампиони, Не радува тоа што ние во нашите проценки, успеавме комплетно да го оствариме замисленото, единствено во категоријата -55 кг кај јуниорите нашиот спортист Абдурахим Идризи, не успеа да биде прв, тој го освои сребрениот медал во финалната борба загуби минимално со резултат 0-1. За нас е исто така важно што ја продолживме традицијата на веќе дводецениско доминирање во дисциплината борби екипно за жени. Имено нашиот тим кој настапи во екипна конкуренција борби беше првопласиран на ова првенство. За екипата настапија Ева Блажевска, Емилија Чешмаџиева и Теодора Крстевска. Сега ни преоостанува во следниот временски период да ја темпираме успешно формата и да имаме забележителен настап и на Балканското првенство кое треба да се одржи 10-Декември, во Херцег Нови. Потоа сите спортистим кои ќе ја исполнат критериумската норма во месец Фебруари 2018 година, ќе не преставуваат на европското првенство кое треба да се одржи во Сочи, Русија“, заврши Заборски.
Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство станаа:
1. Петар Заборски -75 кг постари јуниори (У21), златен медал
2. Моника Пендаровска -55 кг (У21), златен медал
3. Анѓела Мојсовска -68 кг , (У21), златен медал
4, Екипно борби -жени златен медал
5.Абдурахим Идризи – 55 кг јуниори , сребрен медал
6. Емилија Чешмаџиева јуниорки, бронзен медал
7. Теодора Крстевска – 54 кг кадетки, бронзен медал
8. Ева Блажевска +59 кг,јуниорки, бронзен медал
9. Томи Костандинов јуниори -76 , бронзен медал
10. Давуд Рамадановски -61 кг, јуниори, бронзен медал
11. Екипно борби мажи кадети и јуниори, бронзен медал