Швајцарија, која 48 отсто од прехранбените производи ги покрива со увоз, е најголемиот увозник на храна по глава на жител во светот.
– Увозот на сточна храна во Швајцарија изминатите години е зголемен за рекордни 50 отсто, изјави Франсис Егер, претставник на швајцарското здружение на земјоделци во Министерството за економија.
Швајцарија, 80 отсто од увозот на храна го остварува од европскиот пазар, пред се од Германија, Франција и Италија.
Егер појаснува дека е потребна транспарентна и праведна распределба на добивката од финалниот производ, бидејќи произведувачите на сурова храна се оние кои се најчесто оштетени.