Груевски и Заев денеска на суд за „Насилство во Центар“ и за „Поткуп“

Од:

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржат рочишта за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и за „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Груевски треба да се појави во суд за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се уште 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Претходното рочиште на 28 септември беше одложено поради отсуство на двајца обвинети.

Заев во „Поткуп“, пак, е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Во Центар изгореа четири возила

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

Докторка-офтамолог од Битола за операција барала мито од 100 евра