Разбојништво во обложувалница во Тетово

Од:

При разбојништво во спортска обложувалница „Спортлајф“ во населбата Горна Чаршија во Тетово се одземени 19.300 денари.

Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Тетово, додека двајца вработени биле во пултот за наплата, влегло младо лице со непознат остар предмет во раката, најверојатно штрафцигер и почнал да им се заканува дека ќе ги убие.

– Покрај заканите по животот на вработените тој тргнал да ги турка од пултот и при тоа успеал да одземе од првата каса 14.000 денари и 5.300 денари од втората каса. Со одземените парични средства заминал од обложувалницата, а воедно им се заканил на вработените да не го пријавуват случајот во полиција, рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

По пријавата во полиција, службеници на СВР Тетово направиле увид во обложувалницата. – Располагаме со првични сознанија за идентитетот на лицето кои го извшило разбојништвото. Најверојатно станува збор за истиот малолетник кој направил слично разбојништво во друга обложувалница, пред извсно време, соопшти Јосифовски.

СВР Тетово продолжува со мерки и активности кон расветлување на случајот и поднесување соодветна пријава за малолетникот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра