Маж на околу 50-тина години починал од удар на автомобил „Ровер 200“ со тетовски регистарски таблички, управуван од А.А.(29) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Сообраќајната несреќа се случила денеска во 12 часот и 30 минути на булеварот „Илинденска“, на коловозната лента пред туристичката агенција „Еуро турист“, при што „Роверот“ налетал, удрил и на самото место го усмртил пешакот.
Полицијата веднаш го обезбедила местото и возачот на автомобилот. Во моментов увид вршат стручни екипи од полицијата, судот, обвинителството, како и од лекарска екипа од судска медицина. Се работи на идентификување на починатиот.
Според Јосифовски, А.А. не бил сопственик на автомобилот.