Двајца уапсени Албанци кои го блокирале влезот во црква во Ѓаковица

Од:

Група Албанци денеска се обидоа да го блокираат влезот на црквата Успение на Света Богородица во Ѓаковица на Косово, во обид да ги спречат раселените Срби и православните верници од градот да влезат во храмот за да ги одбележат бозикните празници.

Косовската полиција ги спречи активистите на движењето на Самоопределување во остварувањето на нивната намера, при што уапси неколку Албанци демонстранти.

Четириесетина верници влегоа во црковниот храм, каде богослужеа парохиски свештеници на Српската православна црква. Потоа со автобуси безбедно ја напуштиле црквата и со полициска придружба стигнале до манастирот Високи Дечани и Пеќката патријаршија.

Инцидентот го организирале Движењето „Самоопределување“ и организацијата “Гласот на мајките”, во знак на протест поради нерасветлената судбина на членовите на нивните семејства, исчезнати во Ѓаковица и околните места за време на војната на Косово во 1999. година.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор