Иницијатива: Заев да остане на зборот за извршителите

Од:

Неколку организации покренаа иницијатива со која бараат да запре присилната наплата од граѓаните, потоа ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, како и утврдување на реален и нереален долг.

Акцијата за собирање потписи денеска започна во Скопје, а ќе биде спроведена и низ цела Македонија.

Зад инцијативата „Стоп за извршителите“ освен „Но пасаран“ застанаа и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и „Гласен текстилец“ од Штип кои се орагнизатори. Тие велат дека граѓаните се ставени во должничко ропство и дека не можат ниту основните сметки да ги платат, а не па услугите на извршителот. Бараат од премиерот, Зоран Заев, да си остане на зборот кога им ветил решавање на проблемот.

„Ова е грабеж, граѓаните се ограбени и обесхрабрени. Владата и пратениците ќе мораат да изберат меѓу стотина извршители и сто илјади граѓани. Се надевам дека Владата ќе застане на страна на граѓаните“, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации во Македонија. Марјан Ненов, од „Но пасаран“, вели дека извршителите се само една алка во организираниот криминал кој се спроведува против граѓаните.

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“ пред два дена побараа измени на законот за извршување и замрзнување на сите извршни одлуки врз физички лица, поради ревизијата на работата на извршителите и на целиот судски процес во текот на извршната постапка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат