Либанскиот премиер Саад Харири, кој пред две недели поднесе оставка од функцијата за време на посетата на Саудиска Арабија, утрово допатува во Париз.
Тој во неговиот дом во Париз пристигнал заедно со неговата сопруга Ларе ал-Азм.
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека, се очекува Харири денеска попладне да ја посети Елисејската палата.