(ВИДЕО) Костовски: СДС со предлагање на Законот за двојазичност ја води државата кон целосно подвојување

Од:

„Законот за двојазичност кој го предлага СДС ја води државата кон целосно подвојување. Создава нефункционални институции.

Законот за двојазичност е целосно неуставен и во многу членови надалеку ги поминува границите на Уставот. Согласно овој закон, Македонија ќе добие втор службен јазик на целата територија и истиот ќе се користи во службена употреба во сите институции на централно ниво, тоа го предвидува чл. 1 ст.3 од истиот кој гласи, цитирам: – „ Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија“ .

Член 2 став 2 од овој закон пропишува дека сите постапки, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони покрај на македонски можат да се водат и на албански јазик, доколку странката тоа го побара, па така во судовите, јавните обвинителства и другите државни органи на целата територија на Република Македонија, повторувам на целата територија на Република Македонија, дури и на местата кај што нема ниеден член на заедница која е 20 посто во Македонија ќе мора трајно да вработат преведувачи и службеници кои ќе зборуваат албански.

Ова е прв чекор во креирање на правен хаос и создавање на непотребен трошок за државата, која ќе треба да ангажира преведувачи и службеници и на места каде нема реална основа и потреба тоа да го направи, но со овој закон ќе биде обврзана. Ова е прв чекор кон нефункционална држава. СДС систематски ја редефинира државата на штета на граѓаните и идните генерации.

Овој закон не носи придобивки за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој неуставен закон кој ја води државата кон нови поделби“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ