Во ликовната галерија „Борко Лазески“ во домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа беше отворена изложбата – уметничка инсталација насловена „365 килограми живот“ од уметникот Перо Кованцалиев од Гевгелија кој живее и работи во Скопје.
Кованцалиев, кој прв пат се претставува пред прилепската публика и прв пат ја изложува уметничката инсталација, вели дека таа е составена од таканаречени биобалони, орган кој претходно бил дел од жив организам.
За публиката ова е необично уметничко изразување, во секој случај впечатливо, а од Центарот за култура „Марко Цепенков“ нагласуваат дека Прилеп во текот на целата година се вбројува во градовите со голем број изложби, а така ќе биде и наредната 2018 година.