Русија стави вето на резолуцијата во СБ на ОН за хемиските напади во Сирија

Од:

Русија стави вето на резолуцијата за продолжување за уште еден месец на меѓународната истрага за виновниците за хемиските напади во Сирија, која е поднесена до Советот за безбедност на ОН од страна на Јапонија, еден ден откако Москва веќе го блокираше настојувањето на САД за обновување на таа истрага.

Со ова вето завршува заедничката истрага на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје, која едногласно ја одобри СБ во 2015 година.

Русија, како сојузник на сириската Влада, досега 11 пати стави вето на можни акции на Советот за безбедност во врска со Сирија од почетокот на граѓанската војна во таа земја во 2011 година.

САД сметаат дека најновото вето претставува „јасна порака“ дека Москва „не ги почитува животите на жртвите“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он