Македонската ракометна репрезентација со 18 ракометари ќе патува за Севиља. Од 20-те ракометари кои досега беа на подготовките за Мундијалот во Шпанија, Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски ќе останат во Македонија.
Митко Стоилов поради повреда отпадна од списокот играчи и по разговорите со лекарскиот тим беше донесена одлука тој да не оди за Севиља, додека голманот Даскаловски ќе чека шанса на следниот собир на репрезентацијата.
На шампионатот ќе бидат пријавени 16 играчи, а двајца ќе бидат резерви со можност на замена според регулативите на првенството.
Репрезентативците добија слободни денови за Божиќ, а следниот тренинг ќе го имаат на 8 јануари во вторник.