ЕУ и Велика Британија се уште не се подготвени во декември да ја почнат новата фаза во преговорите со кои Велика Британија ќе ја напушти Унијата, изјави денес британската премиерка Тереза Меј и претседателот на европскиот совет Доналд Туск.
Двајцата се сретнаа за време на самитот на ЕУ во Шведска, а темите во кои преговорите се блокирани се правата на европските државјани во Велика Британија, статусот на границата со Ирска како и исплатата на десетици милијарди што ЕУ ги бара од Лондон.
Доколку не се постигне договор, се очекува Велика Британија да ја напушти Унијата без регулиран однос, што може да предизвика потешкотии во трговијата.