ВИДЕО: Пред Бостон потклекна и шампионот ГС

Од:

Во дуелот на двете првопласирани екипите од Источната и Западната конференција во НБА лигата, Бостон Селтикс ноќеска го совлада актуелниот шампион Голдне Стејт со 92:88.

Селтикс ја продолжија победничката серија од 14 победи, по двата почетни порази, додека ГС го запишаа четвртиот пораз во 15 натпревар оваа сезона.

Гостите по првата четвртина имаа десет поени предност (28:18), водеа во два наврата и со 17 поени разлика (44:27 и 66:49), но и тоа не беше доволно на крајот да се радуваат. Бостон со серија од 19:0 ја анулира негативата и на крајот славеше победа.

Џејлен Браун со 22, Ал Хорфорд со 18 и Кајри Ирвинг со 16 поени беа најзаслужни за победата на „зелените“, додека Кевин Дурант беше најефикасен кај Голден Стејт со 24 поени.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот