Даниел Воиновски нов скопски бадникарски кум

Од:

Пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ денеска се одржа 21-то традицонално скопско бадникување во организација на Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник.

Поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан од старите кумови Борче Петрушевски и Александар Пановски-Мац од Одборот на Бадник 2012 го прими преодниот бадникарски ќуп што симболизира единство и му го врачи на годинашниот кум на манифестацијата, бизнисменот Даниел Воиновски.

Главната свеченост почна со подигнување на бадникарското знаме придружено со бадникарска химна, по што следеше осветување на бадниковите гранчиња. Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ги осветија нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашниот кум и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои им се делеа бесплатно на присутните.

„ Па има ли поголемо и посвето од славањето на Бога. И што и е попотребно на земјата од мирот, од мирот во семејствата, од мирот во државата, од мирот меѓу луѓето и народите. И што може да биде попотребно од добрата волја меѓу луѓето. Таму каде што има добра волја, таму нема нетрпеливост на едни со други, ни на верска, ни на национална, ни на било која друга основа. Таму каде што има добра волја, таму има и морално и пријателско, и човекољубиво, и богољубиво живеење и однесување“, рече поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Зошто во време на највисоките дострели на науката, истакна поглаварот, со човештвото владеат најголемата морална криза и најдлабоката духовна празнина.

„ Бадник, како и сите наши празници е прекрасна прилика да се вратиме на најисцрпниот извор од кој можеме да ги залечиме сите духовни рани и лузни. А Господ Христос на себе примил човечко тело токму за тоа, за да ни ги покаже патот, вистината и животот. За да ни покаже дека нема спасение надвор од неговото свето евангелие“, рече г.г. Стефан.

Честитајќи им го празникот на сите православни верници во Македонија и насекаде во светот, поглаварот посака што подостојно да се пречека празникот роденденот на Богочовекот и спасител Исус Христос.

– Посакуваме мирот божји, единството и меѓусебното почитување да завладеат меѓу нас, а за доброто и на црквата и на родот наш православен, рече г.г. Стефан.

Здравичарите Влатко, Силви и Деаделина Плевнеш на сите христијани им посакаа искрени желби за добро здравје, среќа и бериќет.

„ Животот да ви биде исполнет со љубов, слога, почитување и успех. Убавата мисла и благородноста секогаш да ве красат“, рече Влатко Плевнеш. Својата здравица за Бадник и Божиќ тие ја преточија и во песна.

Новиот кум Даниел Воиновски рече дека денешниот голем христијански празник е ден на добри желби и мисли, кога сите го имаме чувството на колективна среќа и љубов.

„ Моја искрена желба е да го задржиме тоа чувство што е можно подолго. Бог нека е со нас, нека не благослови со многу љубов, бериќет и стеќа“, рече Воиновски, кој со своето семејството помина меѓу присутните бадникари и замина со пајтон.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух