Заврши општата расправа за заменици на генералниот секретар на Собранието, ќе се гласа на 24 ноември

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја заврши општата расправа по Предлог-одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Парламентот.

За оваа одлука, како и за амандманот поднесен од страна на двајца пратеници од опозицијата, ќе се гласа на 24-ти овој месец бидејќи, како што истакна претседателот на Собранието, нема услови за гласање.

Опозицијата и денеска побара стопирање на постапката бидејќи според нив со зголемувањето од два на пет заменици на генералниот секретар не се подобрува ефикасноста на Собранието, туку се зголемуваат финансиските трошоци на Парламентот. Реагираа и на тоа што се предвидуваат места за пет потпретседатели на Собранието.

За парламентарното мнозинство, со зголемувањето на бројот на заменици на генералниот секретар ќе се зголеми ефикасноста на Парламентот.

На дневен ред на оваа седница беа и измените на Кривичниот законик, но, како што соопшти претседателот на Парламентот, материјалот на законот е повлечен од страна на Владата.

Собранието продолжува со работа по редовната едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање