Даница Ј. (67) од Скопје, синоќа почина откако во неа удрил автомобил „Фолксваген Пасат“ управуван од Б.Х. (22) на крстосница во близина на Трговскиот центар Веро во Скопје.
Како што соопшти полицијата, несреќата се случила во 20:20 часот, на крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и сервисна улица што води кон ТЦ-Веро.
Жената починала веднаш по ударот.
Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР-Скопје.
По наредба на Истражен судија телото на починатата е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.