Во пресрет на 19 ноември, Денот на ослободувањето на град Тетово, денеска во Музејот на тетовски крај се одржа изложба на фотографии на партизански куќи и историски час. На пригодното одбележување присуствуваа ученици од тетовските училишта, просветни работници, претставници од тетовската касарна, како и други почитувачи и подржуваи на традицијата на НОБ.
Како што посочи историчарот Кристина Томовска, во куќите изложени на фотографиите биле печатени весници, била чувана партиската документација, биле сместувани илегалци и било чувано оружје и муниција.