Вајарска изложба на Дона Урдинов

Од:

Во арт кафулето Концепт 37 вечер од 20 часот ќе биде отворена вајарска изложба „Ex Parte Hominis“ на уметницата Дона Урдинов. Проектот е центриран околу проучувањето на креацијата на ликови во форма на вајарство, 3Д моделирање и концепт арт.

– Често овие ликови се инспирирани или директно поврзани со животинското царство, бидејќи тоа за мене е едно од главните примери за избалансиран дизајн, вели авторката Дона Урдинов за која најчест извор на инспирација се инсектите.

Урдинов, која е ќерка на афимираниот уметник Киро Урдин, е вајар и 3Д карактер артист,. Студирала во Гномон во Холивуд, една од најдобрите академии за анимација и визуелни ефекти во филмови и игри во светот. Била на пракса во компанијата Тенскај, основана од познатиот концепт артист Чарли Вен, каде што набргу ја презела главната улога на 3Д карактер артист.

Нејзините дела во Концепт 37 во Скопје ќе бидат изложени до 24 ноември.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски