Џанлуиџи Буфон е прогласен за најдобар голман на 21. век, во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Тој освои 218 бодови, само еден бод повеќе од Икер Касилјас, голманот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, кој го доби признанието за најдобар во 2012 година.
На третото место со 172 бода се најде Петр Чех, голманот на Чешка и член на премиерлигашот Челси.
Меѓу петте најдобри се и веќе пензионираните Едвин ван дер Сар (Холандија) и Оливер Кан (Германија).
Изборот на ИФФХС е правен на тој принцип што на 20-те најдобри голмани за секоја измината година им се доделени бодови од 1 до 20. На крајот, Џиџи Буфон за еден бод го победи Касилјас.