Манифестацијата „Етно вешта жена“, која во Македонија се одржува веќе 15 години, синоќа во Велес се одржа по 10-ти пат.
На манифестацијата десет велешанки ги презентираа своите благи и солени специјалитети.
Организаторот Снежана Стојаноска од Тетово изјави дека целта на манифестацијата е вештите жени да ги претстават своите специјалитети, да разменат искуства и да се дружат.
Сите подготвени благи и солени специјалитети беа продадени на лицитација, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели.