Нухиу: Мигрантите секојдневно се обидуваат нелегално да влезат во Македонија

Од:

Заменик на министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска во Варшава, Полска учествуваше на Министерската конференција во рамки на Салцбуршки форум и Групата на пријатели од Западен Балкан и Молдавија, на тема „Актуелни предизвици на полето на гранично управување во ЕУ и нејзиното непосредно соседство“.

Во рамки на конференцијата заменикот министер д-р Нухиу имаше свое обраќање на тема „Моменталните предизвици во областа на граничното управување во Европската Унија и во непосредното соседство во кое истакна дека иако по 8 март 2016 година Западно-балканската рута за мигранти официјално е затворена, сепак имаме секојдневни обиди за нелегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија кои сами или со помош на криумчари сакаат да влезат на нелегален начин и да транзитираат низ територијата на Република Македонија кон земјите од Западна Европа.

Со помош на странските полициски службеници кои се дел од Заедничката операција која Македонија ја почна на 21 декември 2015 година и која се уште е во тек, успеваме на вистински начин да се справиме со мигрантите а пред се со криумчарите, поради што голем дел од нелегалните мигранти се откриени, фатени и покренати се обвиненија против голем број на криумчари.

На крајот од своето обраќање заменик министерот Нухиу изразувајќи благодарност за несебичната помош на сите земји претставници од свое име и во име на Министерството за внатрешни работи и Владата на Република Македонија рече „Вистински пријатели се оние кои ќе ти помогнат кога ти е најтешко и најпотребно, а токму вие покажавте дека сте вистински и искрени пријатели на Република Македонија.“

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он