Раул: Очекувам тежок и чуден натпревар

Од:

Тренерот Раул Гонзалес очекува многу тежок натпревар в сабота во Лигата на шампионите против германски Рајн Некар.

Двете екипи немаат пораз по седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите и затоа овој меч е прогласен за дерби од страна на ЕХФ.

– Очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „седум на шест“, затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последно место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме прво место и сакаме да остане така до крај, рече Гонзалес на денешната прес-конференција.

Саботниот дуел (почеток 17:30 часот) ќе биде седми меѓусебен натпревар на Вардар и Рајн Некар во Лигата на шампионите. Досега македонскиот тим победил на четири натпревари.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ