(ВИДЕО) Костовски: Еве гледаме дека двојазичноста и Тиранската платформа стануваат вистина

Од:

„Пратениците на парламентарното мнозинство предводено од СДС вчера ја гласаа потребата и го поминаа во прво читање неуставниот закон за двојазичност во целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците гласаа против овој неуставен закон. За жал 66 пратеници сите до еден од парламентарното мнозинство предводено од СДС гласаа за овој закон.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секој закон кој е во рамките на Уставот и законите и кој е во полза на граѓаните, но никогаш, повторувам никогаш нема да дадеме поддршка за закон кој го руши Уставниот поредок на Република Македонија и го менува нејзиниот карактер утврден со Уставот.

Заев викаше дека двојазичноста и Тиранската платформа е само во главата на Груевски, но еве гледаме како станува вистина, упорно се турка закон кој е против интересите на државата, против волјата на македонскиот народ, но и против соживотот во оваа држава.

Мнозинството на пратеници меѓу кој Пендаровски, Локвенец, Тунтев, Богоевски, Туфегџиќ и останатите од СДС гласаа за двојазична Македонија!

Овој закон ниту ќе им го подобри животот на граѓаните ниту пак ќе придонесе за подобар соживот. Туку само ќе ги продлабочи разликите, ќе ја зголеми тензијата и ќе создаде нефункционална држава. Држава во која лекарите ќе мора да функционираат со преведувачи, полицијата која ќе може да се обраќа на граѓаните со јазик кој можеби странките не го познаваат, држава во која ќе се наплаќаат казни доколку не се познава јазикот, и ќе се изложат општините и институциите за дополнителни трошоци.

Најважно од се прегазен е Уставот. Оние кој со криминал дојдоа на власт продолжуваат да владеат со криминал, и носат неуставни решенија.

Овој закон е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до ова и дека целта на СДС и самата цел на нивно доаѓање на власт е редефинирање на државата по повеќе основи, тоа го видовме и со штетниот договор со Бугарија со кој СДС го деградираше македонскиот јазик, за сега со законот за двојазичноста дополнително да го девалвира јазикот и од Република Македонија да направи нефункционална држава.

ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во овој атак врз државата и се спротивставува на разграбувањето на Република Македонија. Ова е закон кој нема да го направи животот на граѓаните подобар, нема да ја спречи сиромаштијата која расте, платите кои опаѓаат, и економијата која тоне“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било