(ВИДЕО) Спасовски: Подготвуваме нов закон за следење на комуникациите

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Собранието се сретна со претседателот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи, претседателите и членовите на Комисијата за надзор над УБК и на Агенцијата за разузнавање, Комисија за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност, каде најави дека се подготвува нов закон за следење на комуникациите и уште неколку други закони со кои ќе се спроведе реформа во државниот оддел за безбедност.

Спасовски изјави дека секој подзаконски акт кој ќе создаде одредени нејаснотии во врска со безбедноста на државата ќе биде променет.

– Најважно е во целиот овој процес на реформи во безбедноста да има инклузивност, пред се во Парламентот и преку дебата да дојдеме до соодветно решение. Наша цел е да ја заштитиме државата од одредени криминални дејствија, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи рече дека до спроведување на овие реформи најважно е да се има контрола врз системот на следење на комуникациите.

На новинарското прашање дали во Република Македонија моментално се прислушкува, Спасовски одговори дека нема нелегално следење на комуникациите, освен следење кое произлегува од издадени мерки од Врховниот суд и Обвинителството.

Во врска со опремата за прислушкување, Спасовски рече дека мора да биде преместена од МВР и дека ќе биде сместена во посебен оперативен центар, кој ќе биде задолжен за следење на комуникациите.

Министерот исто така напомена дека времето на гумени куршуми и електрични палки е поминато, односно дека во едно демократско општество нема место и нема потреба од вакви реквизити.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација