Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадељ ќе се кандидира на изборите на 21 декември и ќе ја предводи листата на партијата за независност „Каталонска републиканска левица“.
– Секогаш го бранев мирно и демократски она што мислам дека е најдобро за мојата држава. На 21 декември ќе продолжам тоа да го правам на листата на „Каталонската републканска левица“, напиша таа на Твитер.
Форкадељ се брани од слобода по обвинувања за бунт во Шпанија. Беше пуштена од притвор со кауција од 150.000 евра. Таа беше меѓу шесте сменети каталонски парламентарци кои сведочеа пред Врховниот суд во врска со нивната улога во напорите за прогласување независност на регионот, што беше забрането од Мадрид.