Одбележување на Светски ден на филозофијата

Од:

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија и оваа година со богата програма го одбележуваат од УНЕСКО востановениот Светски ден на филозофијата. Годинешното чествување ќе се одвива во Свечената сала и Амфитеатарот 2 на Филозофскиот факултет на 16-17 ноември (четврток-петок) со почеток во 10 часот.

Првиот ден ќе започне со традиционалниот Мал концерт (трио гитари) на студенти од Факултетот за музичка уметност. Понатамошната Програма вклучува: Беседа за филозофијата со темата „Времето во филозофијата“ и проф. Анета Маркоска Чубриновска од Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд; Промоција на списанието Филозфска трибина 19, со промотивна реч на проф. Ристо Солунчев; гостување на Групата за проучување на ангажираноста од Институтот за филозофија и општествена теорија од Белград, односно презентација на активностите на Групата/Институтот и изложувања на шест поединечни истражувања.

Вториот ден ќе се одржи симпозиумот „Философијата и мирот“ во којшто во три блок сесии ќе земат учество реномирани филозофи, професори и истражувачи – акад. Ферид Мухиќ, проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, проф. д-р Ристо Солунчев, проф. д-р Лидија Георгиева, Љубомир Гајдов, д-р Бранка Минчева Коцевска, д-р Славчо Ковилоски, д-р Маја Стојанова, д-р Бошко Караџов, д-р Коста Милков, асис. м-р Виктор Недески, м-р Верица Костова и м-р Филип Трајковски.

Би можело да ве интересира

„Реторика – Историски и современи аспекти“ од група автори

Ана Ололовска

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Скопје

Ана Ололовска

По 15-ти јубилеен пат ќе биде одбележан Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска

„За основите на етиката на св. Климент Охридски“ – предавање на д-р Дејан Донев

Ана Ололовска

Се одбележува Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Ана Ололовска