„За основите на етиката на св. Климент Охридски“ – предавање на д-р Дејан Донев

Од:

Филозофското друштво на Македонија во соработка со ЕУ Инфо Центарот во чест на св. Климент Охридски организира пригодно предавање на д-р Дејан Донев (вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет), на тема: „За основите на етиката на св. Климент Охридски“.

Настанот на отворањето ќе биде збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски под менторство на Менче Стојановска.

Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо Центар, 7 декември (четврток), во 19 часот.

Би можело да ве интересира

„Реторика – Историски и современи аспекти“ од група автори

Ана Ололовска

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Скопје

Ана Ололовска

По 15-ти јубилеен пат ќе биде одбележан Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска

Одбележување на Светски ден на филозофијата

Ана Ололовска

Се одбележува Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Ана Ололовска