Кафулињата во кои што може да се набави канабис, а се наоѓаат во радиус од 250 метри од училишта ќе отвораат од 18 часот, а ќе може да работат до 1 часот по полноќ.
Тие досега имаа можност да отворат од 7 часот и 30 минути.
– Судот во Амстердам одлучи дека градоначалникот има право да го ограничи работното време на кофи шоповите, соопшти холандскиот Дежавен совет.
Сопствениците на кофи шоповите најавија дека ќе се жалат против оваа одлука, со објаснување дека тие објекти се популарни кај туристите.