Утре без струја делови од неколку скопски општини

Од:

Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат корисници од делови од општина Центар, Студеничани, Ѓорче Петров, Сарај и Кисела Вода. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што соопштија од РЦУК, е поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.

Во периодот од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисници од објектите на Министерсво за Здравство и Културниот Центар – Мала Станица, дел од ул. 50-та Дивизија и дел од ул. Јордан Михајлов во Општина Центар, а од 08:00 до 15:00 часот корисниците оддел од село Батинци ул. 1, 6 и 7. во општина Студеничани.

Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 08:30 до 10:30 часот ќе имаат корисниците во околината на кружниот тек на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, во општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот корисниците од дел од потрошувачите од ул. Пекљане и ул. Мавровска во општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 12:00 часот,корисниците од дел од село Шишево во општина Сарај.

Во периодот од 11:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Караорман, Ганчо Хаџипанзов, Димитар Пандилов, Капиштец и Караорман во општина Центар, а од 13:00 до 15:00 часот корисниците од објектите во делот кај новиот кружен тек на ул. Христо Татарчев во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски