Либанскиот претседател Мишел Аун изјави денеска дека премиерот Саад Харири е „приведен“ во Саудиска Арабија каде тој овој месец објави дека поднесува оставка на функцијата.
– Ништо не може да го оправда фактот што премиерот Саад Харири е отсутен веќе 12 дена. Поради тоа, сметаме дека тој е задржан и приведен спротивно на Виенската конвенција, напиша Аун на Твитер.